(ФОТО) Ова е италијанскиот град пештера во кој се снимал последниот филм за Џејмс Бонд

Сместена на рид, полна со разни историски приказни што таа ги доживеала, италијанската Матера е место на кое е тешко да се одолее.
Градот, еден од најстарите во светот, е познат како Ерусалим на Запад благодарение на неговата локација на варовнички карпи и неговите познати пештерски куќи Саси.
Матера се наоѓа во јужниот италијански регион Базиликата, кој е еден од најсиромашните региони во земјата.


View this post on Instagram

A post shared by Diego Pierotti (@masterpiero90)


Беше вклучена на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1993. година, а во 2019. година стана европска престолнина на културата.
Во 2019. година, забележан е поголем прилив на туристи, но пандемијата на коронавирус нарушило се.
Сепак, градоначалникот Доменико Бенарди рекол дека се надева дека ќе привлече повеќе туристи откако последниот филм на Џејмс Бонд е снимен токму тука и посочил дека седмата уметност отсекогаш била важна за градот.


Имено, најпознатиот таен агент сака да посетува атрактивни локации, па беше сосема логично да посети некои од нив во последниот филм.
Дел од акцијата се уште се одржува во Лондон, а снимано е и во Норвешка, на леденото езеро Нитадал и на Фарските Острови.
Сепак, во самиот трејлер, најзабележана е Матера, низ чии тесни улици Џејмс Бонд, игран од Даниел Крег, го возеше својот Астон Мартин.

Ова е прво појавување на Матера во филм за Џејмс Бонд, и овој град веќе многупати служеше како филмска позадина.
Ова веројатно има врска со фактот дека режисерот Пјер Паоло Пазолини го сними својот филм за животот на Исус во 1964. година овде.
Италијанскиот крими-трилер „Не се плашам“ е снимен овде во 2003. година, а Мел Гибсон неколку сцени од неговиот филм „Пасија“ снимил во овој град“.
Престојот во Матера навистина изгледа како живот на филмски сет, целиот свет на градот е сместен во поранешни пештери. Таму е сместен и еден од најпознатите хотели е L’Hotel во Пиетра, кој се наоѓа веднаш зад катедралата, и каде ноќевање чини 67 евра.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од …