Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени својот живот
Една корисничка на „Тикток“ ја споделила својата животна приказна, откривајќи дека напуштањето на животот во манастир била најдобрата одлука за неа.
Имено, откако го напуштила позивот на калуѓерка, се верила и се омажила, а сето тоа се случило во рок од една година.
Денес, таа е среќно мажена и има шест деца.
– Го запознав мојот партнер, се верив, а потоа се омажив, и сето тоа во рок од една година по напуштањето на манастирот. Кога знаеш, знаеш – рекла таа и додала:
– Многу луѓе мислат дека побрзав да се омажам и навистина не ги обвинувам, но за среќа се покажа толку совршено.
@carriechuffAnswer to @avax305
Нејзиното видео на оваа социјална мрежа предизвикало големо внимание на корисниците и лавина од коментари.
– Ти си толку слатка. Среќна сум за тебе – гласел еден од многуте коментари.
Имало и такви кои споделиле слични искуства.
– Се запознав со мојот партнер, се верив и се венчав во рок од еден месец. Во брак сме пет години, напишала една жена.
Фото: Принтскрин/TikTok