(ВИДЕО) Почина Оливија Њутн-Џон: Нејзиниот хит е прогласен за најсекси песна досега, и е придружен со жешко музичко видео

МУЗИЧКАТА икона Оливија Њутн-Џон почина на 74-годишна возраст по долга борба со ракот на дојката. Пејачката ќе остане запаметена по бројни хитови на сите времиња, од кои еден дури е прогласен за најсекси песна досега.
Станува збор за песната Physical од 1981. година, која ја доби престижната титула од магазинот Хитот на Оливија Њутн-Џон, прогласен за најсекси песна досега, е придружен со жешко музичко видео
МУЗИЧКАТА икона Оливија Њутн-Џон почина на 74-годишна возраст по долга борба со ракот на дојката. Пејачката ќе остане запаметена по бројни хитови на сите времиња, од кои еден дури е прогласен за најсекси песна досега.
Станува збор за песната Physical од 1981 година, која ја доби престижната титула од магазинот Билборд по спроведена голема студија, во која клучни елементи на анализата биле бројот на недели на топ листите и самите стихови на песната.


За Physical е направено и жешко видео во кое Оливија вежба во импровизирана теретана опкружена со испотени тела на мажи.
Песната остана на првото место на музичките топ листи 10. недели, соборувајќи ги сите рекорди во 80-тите.

Умрела опкружена со семејството
Да потсетиме дека Џон Истерлинг, сопругот на Оливија, рекол дека таа умрела во сон на нејзиниот ранч во Јужна Калифорнија опкружена со семејството и пријателите. Таа се бореше со ракот на дојката повеќе од 30. години.
Првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 1992. година, а се вратил во 2013. година, а потоа повторно во 2017. година. Оливија низ тешките моменти мина со крената глава, а својата борба ја сподели со јавноста и нагласи колку и помогнал медицинскиот канабис што го користела.


Нејзината улога како Сенди стана култна
Оливија имаше голем успех во 1971. година со песни како If Not for You и Let Me Be There во 1973. Таа продолжи да бележи успех со хитовите како Have You Never Been Mellow. Уште еден голем пробив дојде во 1978. година, кога глумеше заедно со Џон Траволта во филмот „Брилијантин“.
Нејзината улога како Сенди стана култна, како и неколку песни од филмот како што се You’re the One that I Want, Summer Nights i Hopelessly Devoted to You.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …