(ВИДЕО) Петар Грашо во „Еден на Еден“ открива за што е одговорен тој а за што Даниела!

Петар Грашо ќе биде гостин во новата „Еден на Еден“ кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5. Далматинскиот пејач и автор искрено раскажал многу негови животни приказни во специјалот на „Еден на еден“.

Една од нив е онаа за неговата долгогодишна партнерка, пејачката Даниела Мартиновиќ.


„Јас сум одговорен за сѐ, а Даниела за ништо“, му вели Грашо на Жаре на прашањето како се поделени со обврските во домот. „Ние живееме на две адреси, во Сплит и во Загреб. Многу патуваме и се случува телефонски да се организираме“, додал Грашо и рекол дека тој како маж ги плаќа сметките.


За жените со лажни фотографии Инстаграм, за својата скриена викендица во која најмногу ужива, за ресторанот на кој до неодамна беше сопственик, зборуваше Грашо, но и за тоа дека место кошаркар, станал музичар благодарение на Оливер Драгојевиќ.

Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата и приказната за Даниела:


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …