ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Подготвен прототип на вакцина за коронавирусот: Наскоро ќе се тестира на луѓе!

Вакцината против коронавирус наскоро би можела да се тестира кај луѓе во Велика Британија, откако резултатите од тестовите извршени на глувци дале позитивни резултати.
Научниците од Универзитетот „Империјал“ во Лондон рекле дека овие тестови би можеле да започнат за неколку месеци, кога ќе добијат средства за нив, пренесува Independent.
„Во моментов имаме прототип на вакцина што ја тестиравме врз животни, а резултатите се многу охрабрувачки“, објаснил д-р. Робин Шаток за Independent.
„Се надеваме дека до лето ќе добиеме финансиски средства, за да можеме да преминеме на следното ниво на тестирање на вакцините“, додал тој.


Голем број на научници ширум светот работат на изнаоѓање лек за вирусот „Ковид-19“ што зарази повеќе од 156,000 луѓе. Американските научници веќе објавија повик до волонтерите да учествуваат во првите испитувања за вакцини за што ќе им бидат платени по 1.100 долари за да учествуваат во студијата.
„Тоа е заеднички напор“, објаснил Шаток, коментирајќи го фактот дека научниците ширум светот се борат да најдат лек: „Ние не се натпреваруваме едни против други, ние се бориме против вирусот“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …