(ВИДЕО) Патинсон заразен со корона вирус: Прекинато снимањето на филмот „Бетмен“

Роберт Патинсон е позитивен на коронавирус, поради што итно е запрено снимањето на филмот „Бетмен“, пренесуваат странските медиуми.
„Еден член на филмската екипа „The Batman“ бил тестиран и позитивен на Ковид19 и бил изолиран со утврден протокол. Снимањето на филмот е привремено паузирано “, било речено од продукцијата на Warner Bros.
Иако во продукцијата не е наведено кој е член на тимот кој е позитивен на вирусот, „Vanity Fair“ пишува дека станува збор за sвездата на сагата „Самрак“.


Претставникор за јавност на Роберт не се огласил по овој повод и ги игнорирал сите телефонски повици од медиумите.
Ова не е прв пат да се прекинува снимањето. Уште во март, кога беше прогласена вонредна состојба, камерите се исклучија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УТРЕ ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ПЛАТОТО НА УКИМ: МАКЕДОНСКИТЕ ХИТОВИ ДОБИВААТ НОВО РУВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Скопје утре ќе биде домаќин на уникатен музички спектакл! Со почеток во 20 часот, платото …