(ВИДЕО) ПАТ ДОЛГ 426. км – ТУРЦИТЕ ИЗГРАДИЛЕ ЧУДО ОД АВТОПАТ: Го скратува патувањето за 5. часа – проектот вреди 11. милијарди долари а државата не потрошила ниту цент!

Во текот на викендот свечено е отворен 426. километри долгиот автопат помеѓу Истанбул и Измир со што времето на патувањето помеѓу овие две приморски метрополи се намалува за околу пет часа. Се состои од 384.километри автопат и 42. километри пристапни патишта.
Мега проектот ги поврзува најголемиот турски град, според бројот на жители, Истанбул, со третиот најголем турски град Измир, на егејскиот брег, а патувањето од 8,5 се скратува на 3,5 часа.
Исто така, самата оддалеченост на овој начин е скратена за 100. километри.


Интересно е што турската држава не потрошила ниту еден цент за проектот вреден 11 милијарди американски долари, бидејќи проектот бил финансиран преку заедничко вложување под моделот Build-Operate-Transfer (BOT), со концесија од нешто повеќе од 22 години.


Патарината е околу 46 евра, меѓутоа, граѓаните пресметале дека еднонасочното возење по целиот пат би изнесувало 119 евра, вклучувајќи го и горивото.
Двајца Турци решија да го испробаат новиот автопат, а им биле потребни 5. часа од Истанбул до Измир, а потрошиле околу 33. евра само на гориво.Меѓутоа,и самиот турски претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека е можно да се премине делницата за 3,5 часа во нормални временски услови.


Екран.мк/Daily sabah
Видео и Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …