(ФОТО) ОД ПЕРОТО НА ОБИЧЕН ГРАЃАНИН: „Иконата формирана во функција на “доаѓа правдата” и “нема правда, нема мир” е во кал!“

Игор Филевски, поранешен тв водител, сега бизнисмен, често на профилот на Фејсбук споделува свој став за одредени состојби во нашата држава. Овојпат тој се осврнува на „гумениот дефектен Кен“, односно аферата „Рекет“ која не ја тресе само нашата земја туку и пошироко…но, ефектите најмногу ќе ги почувствуваме сите ние кои тука живееме…

Сите ние кои чекавме промени за подобро за да дочекаме нови афери…Но, ставот на секој граѓанин е различен. Сега ве запознаваме со ставот на игор Филевски бидејќи сметаме дека заслужува простор и внимание!
Неговата објава ја донесуваме во целост:
Кога еден систем овозможува кловн, со кого цела нација се спрдала години наназад или што би рекол мојот пријател Муарко на “гумениов дефектен Кен” му дозволија “да си игра закон зад законот”, го форсираа во создавање на хуманитарни проекти и организации кои биле само параван за рекетирање и пљачка на грбот на стари, изнемоштени лица на кои им е неопходна сечија наша помош и тоа на најбрутален, најдрзок и најзол начин на мафијашко функционирање, не знам како ќе се врати сега довербата во истиот тој систем дека е подобро, дека ќе биде подобро и дека има надеж за сите граѓани? Не знам, како?
А најстрашното допрва доаѓа, очигледно. Бидејќи “гумениов дефектен Кен” не е толку умен и интелигентен за да прави рекет на лик како Орце (кој како сакате наречете го, но далеку од тоа дека е глуп или неинтелегентен, напротив) и “поткован” со “елоквенција” (колку и да е сето тоа псеудо) за да има “авторитет” да му собере милиони, онака брутално и дрско, од дома, од дневна. На Орце? Тоа значи дека допрва ќе треба да се расчистува кој е тој моќен систем на управување со кловнов, за да ја растури цела доверба, цела поддршка на најголемиот дел од општеството кое одамна беше турнато на колена. Затоа што во меѓувреме многу чесни луѓе пробуваа да заработат за живот, да си го најдат своето место под сонцето, да остварат желби, на чесен и искрен начин со верба во системот дека сепак еден ден “ќе го биде”. Дури и оние кои се отселуваа имаа во себе искра надеж дека “ќе се среди”, можеби малку подоцна, но ќе биде.
Како сега понатаму?
Иконата формирана во функција на “доаѓа правдата” и “нема правда, нема мир” е во кал. Се прпелка во нечистотијата, додека сите го очекуваат конечниот расплет.
Не е веќе ни важно дали ова доаѓа од опозицијата, од Путин лично или од некои вонземјани на Јупитер. Факт е дека се случувало, дека трае и дека уште не знаеме каде му е крајот и каков ќе биде епилогот.
Не станува веќе збор за ерозија на системот.
Не станува веќе збор за девастирана држава и институции.
Станува збор за ерозија на животот.
Станува збор за девастирано функционирање на секој од нас.
Каде е иднината?
Не ми продавајте веќе “муда за бубрези” со тоа дека, “сега е различно”!
Што е различно?
“Гумениов дефектен Кен” и неговите “пријатели”?
Катастрофа.
“Хаос, пи4ке, лудило” што би рекол Антоније Пушиќ ака Рамбо Амадеус.
Како понатаму ќе го градиме системот?
Системот во нашите глави, системот на доверба, системот на верба, системот на одговорност, системот на посветеност, системот на припадност, системот за иднината, иднината на нашите деца и внуци?
Како?
Дали сте свесни дека секојдневно се рушат темелите во нашите глави и нашите срца?
Дали сте свесни дека наскоро секој малку умен што не е партиски врзан, ќе замине и никогаш веќе нема да се врати, ниту ќе сака да биде поврзан со што и да е во тој ваш систем?
Дали сте свесни дека многу скоро, таму ќе останете да функционирате само партиските членови и административци?
Веројатно не сте.
Чим вака дозволивте да го навредите секој чесен и умен граѓанин на државата, после се’ што се случи и после се’ што издржа.
Простете и вие кои можеби сте чесни и се гледате како нова опција за управување на државата на некои следни избори, но веќе никој нема да ви верува ни вам. Никој, сем оние кои “ќе мораат по налог да ви веруваат”. Простете. Можеби навистина сте чесни, можеби навистина ќе сте добри. Но, оние кои сега беа докусурени и беа направени подолу од “гомно”, оние со кои го избришаа подот, кои ги исплукаа и им се “смееа во лице” од позицијата на моќ, се разочарани, уморни, измачени, навредени, безверни, дотепани… немаат веќе сили за нова шанса, бидејќи најубавите години им поминуваа во транзиција и стекнување доверба за систем и држава за сите, која ете очигледно нема да ја дочекаат…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …