(ВИДЕО) Од плажа во притвор: Уапсена поради премногу „малечкото“ бикини!

Видеото од апсењето на девојка поради конфликтот околу нејзиното „премалечко“ бикини станало вирално на социјалните мрежи.
На снимките се гледа акробатката Сем Пенда како се расправа со полицијата за уредбата за бикини во Миртл Бич, Јужна Каролина, за која полицијата вели дека таа ја крши и покажува како полицијата ја отстранува од плажата со лисици.
„Јас буквално го носам ова на плажа секој ден“, и говори таа на полицијата.
Заедно со видеото, кое го објавила на Фејсбук и кое веднаш привлекло големо внимание, објаснила како сето тоа започнало.
“Исто така, само за да појаснам. Жена повикала полиција заради мене и моето бикини. Така започна се. Некој одлучи дека моето тело е навредливо за неа и му покажа на своето дете дека нејзиното тело може еден ден да доведе до апсење”, напишала Сем покрај видеото.
Кога полицајците ја одвеле неа и нејзината пријателка од плажата, и го прочитале декретот во кој се вели дека е нелегално да се појавува гола на која било јавна плажа.
„Не сум гола“, се бранела таа.
Во областа Хори, каде што се наоѓа плажата, костимите за капење кои вклучуваат танги се сметаат за непристојно изложување и се јавно забранети.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …