Нетфликс ги објави првите фотографии од новата серија за семејството Адамс „Среда“, а веќе е познато дека Мортиша Адамс ќе ја игра актерката Кетрин Зета Џонс, а ликот на нејзиниот сопруг Гомез Адамс ќе го игра Луис Гузман.
Серијата „Среда“ ќе има осум епизоди, а заплетот се фокусира на времето кога Среда Адамс, која ќе ја игра Џена Ортега, студирала на академијата „Невермор“ додека ги истражувала нејзините способности како психичар.
Режисер на оваа серија ќе биде Тим Бартон.
Инаку, пред Кетрин Зета Џонс, актерките Каролин Џонс и Анџелика Хјустон ја глумеа Мортисија Адамс, додека Шарлиз Терон му даде глас на овој лик во серијата „Семејството Адамс“.
Фото: Принтскрин/YouTube