(ФОТО) Несреќа во пресрет на свадбената прослава на Бен Афлек и Џенифер Лопез


Џенифер Лопез и Бен Афлек викендов ќе имаат свадбена веселба, а непосредно пред пробната вечера се случила мала несреќа.
Пред речиси еден месец Џенифер Лопез и Бен Афлек се заколнаа на својата вечна љубов во Лас Вегас, а сега одлучија да направат свадбена веселба за своите најблиски која ќе трае три дена.
Сепак, пред тест вечерта на церемонијата се случила мала несреќа.
Фотографиите од папараците го обиколија светот на кои се гледа дека на местото каде што ќе се одржи веселбата пристигнала брза помош.
Како што пишува Дејли Мејл, мајката на актерот, Крис Ен Болд, доживеала мала несреќа кога паднала од една клупа. Таа си ја пресекла ногата за време на падот, за што сега се потребни три шавови.
Штом Бен ја нашол, се јавил на 911, а подоцна во текот на денот, Џенифер и Бен биле видени во локалната болница во Савана со мајката на Бен.
Актерот бил доста нервозен, а Џенифер не го оставала и цело време го тешела.
Се надеваме дека оваа помала несреќа нема да им го расипе најрадосниот викенд.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …