(ВИДЕО) Новиот акционен трилер The Mother е хит на Нетфликс. Сите коментираат иста работа!

НОВИОТ филм во кој глуми Џенифер Лопез наречен The Mother стана најгледаниот филм на Нетфликс во првиот ден од прикажувањето. Тој беше на врвот на топ листите за трендови на Нетфликс ширум светот. Ѕвездата на филмот се пофали со таа вест на социјалните мрежи.

Филмот е првиот филм во трендингот на Нетфликс
„’The Mother’ е првиот филм во 83 земји на денот на отворањето. Ви благодариме што го гледавте“, напиша Џенифер. Филмот беше објавен на таа стриминг платформа во петокот. Заедно со Лопез, во филмот глумат Луси Паез и Омари Хардвик, кои ја играат нејзината ќерка и агент на ФБИ. Филмот го режираше Ники Каро по сценарио на Миша Грин, Андреа Берлоф и Питер Крег.


The Mother ја следи Лопез како платен убиец. Мајката била принудена да ја напушти ќерката при раѓањето, но го напушта засолништето кога дознала дека нејзината ќерка е во опасност. Ники Каро рекла дека филмот е „ретка комбинација на акција и искрени емоции“. Таа сакала да сними филм кој ликот на мајка, која е подготвена на се за да го заштити своето дете, ќе го стави во центарот на акциониот заплет.


Гледачите ја фалат глумата на Џенифер
По години глумење во романтични комедии, фановите на Џеј Ло, очекувано, се воодушевени што ја гледаат во посериозен филм. Многумина го коментираат истото – им се допаѓа глумата на Џенифер Лопез во акционите филмови.


„Мислам дека ги имам гледано сите филмови во кои си и те обожавам во оваа ударна акција“, „Уживав во филмот. Ми се допаѓа Џенифер во акционите улоги“, „Таа ‘уби’ во улогата на мајка. Вреди да се гледа филмот”, „Дефинитивно ни треба продолжение. Џеј Ло е одлична”, „Џенифер е многу потценета. Се надевам дека после овој филм ќе биде ценета како што треба”, „Ова е нејзиниот најдобар филм”, „Ова е еден од моите омилени филмови“, пишуваат гледачите.

Инаку, режисерката од почетокот сакала Лопез да го игра главниот лик.
„Единственото нешто што ме изненади беше тоа што Џенифер не беше акционен херој во текот на нејзината кариера. Џенифер ја носи својата легендарна вештина и прецизност во акционите елементи, но ја носи и силата на драматичната актерка и искуството на мајката. Знаев дека таа е вистинскиот избор за улогата“, изјавила таа за магазинот People.

Фото: Принтскрин/YouTube/Netflix

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …