(ВИДЕО) Погледнете го најскапиот паркинг на светот: Го ставил автомобилот на 57-ми кат

МЛАДИОТ богаташ кај некои луѓе предизвикал завист, но и добра доза на гнев.
И’ додека половина свет гладува, а остатокот од светот се тресе поради галопирачката инфлација, младиот богаташ не знае што да прави со своите пари. Адријан Порторели е млад австралиски претприемач кој предизвика гнев во јавноста со својот последен потег поради неразумното трошење пари. Откако ја збогатил колекцијата со тркачки автомобил од Мекларен вреден 3 милиони долари, решил да го паркира во дневната соба на својот дом вреден 39 милиони долари.


Сепак, тој не живее во куќа, туку во пентхаус на 57 кат. За да го „паркира“ морал да употреби специјален кран, а во целиот маневар учествувал цел тим работници. Имено, освен што морале да го подигнат скапиот товар, работниците претходно го отстраниле стаклениот ѕид на фасадата на облакодерот за да го сместат скапиот автомобил во станот.
Многумина, се разбира, се прашуваат зошто го прави сето тоа и ако нема намера да вози таков посебен автомобил, зошто воопшто го купува. Неговиот одговор дополнително ја разбеснил јавноста.

„Не можам да го регистрирам овој автомобил за користење на патиштата, па затоа само собира прашина во гаражата. Решив да го ставам некаде на безбедно – на 57-ми кат! Ви благодариме на сите што учествувавте и го направивте овој апсолутно надреален момент“, се вели во соопштението на Порторели.
Да потсетиме дека Мекларен произвел само 75 примероци од овој автомобил наменети за возење исклучиво на тркачка патека. Го придвижува моќниот 4.0 V8 мотор со 825 КС, а перформансите се во најмала рака страшни. Ова е дефинитивно еден од најбрзите автомобили на денешницата, па уште пожално е што овој примерок ќе остане затворен на врвот на облакодер.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …