(ВИДЕО) Невестата и нејзиниот татко се упатиле кон олтарот, продолжението на приказната никого не оставил рамнодушен

Несебичниот гест на таткото на невестата Келси Грифит никого не оставил рамнодушен. Имено, овој човек почнал да ја води својата ќерка кон олтарот, а потоа го изненадил нејзиниот очув и го замолил да му помогне.
„Татко ми го изненади очувот барајќи од него да ни се придружи на одењето до олтарот. Тоа го чувавме во тајност до церемонијата, па сите беа изненадени“, напишала Келси во описот на слаткиот момент што го споделила на TikTok.
На снимката се гледа Келси во венчаница како оди со тато кон олтарот. Во еден момент таткото застанува и му ја пружа раката на нејзиниот збунет очув Енди, кој седи меѓу гостите. Енди продолжува со нив, држејќи ја Келси под другата рака.

@griffithk5My dad surprised my step dad by including him in our walk down the aisle🤍 ##theperfectday ##fyp ##wedding ##dancingqueen


♬ original sound – Nicole Reynolds


„Мојот очув ме одгледа од мојата деветта година и заслужи мало признание на денот на нашата венчавка. Ова беше љубезен и скромен гест и јас сум горда на мојот татко”, додала Келси.
Прошетката до олтарот била придружена со изведба на пијано на хитот на Abba, „Dancing Queen“. Тоа можеби била суптилна референца за филмот „Mamma Mia“ кој ја раскажува приказната за една девојка која ги вклучува сите тројца можни татковци во нејзината свадба.
„Ако сте обожавател на Abbe, ова може да биде видеото за вас“, коментирала жената во видеото кое собрало 5,8 милиони прегледи.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …