(ВИДЕО) Дачија против Ауди – кој е побрз?

Споредбата звучи нефер, на многу начини, од големина и сила до цена. Но, можни се изненадувања.
Британскиот Carwow и Мет Вотсон решиле да ги споредат овие два модели кои немаат многу заедничко.
Dacia е SUV модел на таканаречената „entry level“ понуда каде цената е важен фактор. Еден од најпопуларните SUV модели на пазарот се бори со Audi со дизел верзија (1,5 dCI 115 КС и 260 Nm) во комбинација со погон на сите тркала.
Audi K8 е сосема друга приказна. Со исклучок на тоа што има четири тркала, кои се сите погонски, има сличности и застои. Ѕверот го придвижува 4.0 V8 tvwn-turbo мотор во RS едицијата, што значи 590 КС и 800 Nm.
Сето ова му овозможува на ова Audi да го заврши кругот на Нирбургринг во рекордно време за својата класа, но прашање е дали може да биде побрз од Duster во калта. 3,6 секунди за спринт до 100 km/h и 305 km/h во оваа споредба не значат ништо.
Да не зборуваме за тркала со дијаметар од 22 инчи кои чинат колку половина Duster. Но затоа димензиите, патувањето на суспензијата и типот на гумата можат да направат клучна разлика во перформансите.
Во продолжение погледнете како помина овој каллив дуел на два речиси неспоредливи модели.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …