(ВИДЕО) НЕВЕСТА ОСТАВЕНА НА ДЕНОТ НА СВАДБАТА, СИТЕ И АПЛАУДИРААТ НА НЕЈЗИНИОТ ПОТЕГ: И забраниле да му се јави, па останале без зборови – БРАВО!

На денот на нејзината венчавка, невестата дознала дека нејзиниот иден сопруг решил да побегне, а светот зуи за тоа што таа го направила.
Кајли Стид има 27. години и само што сакала да го каже судбоносното „Да“, дознала дека нејзиниот вереник ја откажал венчавката. Тие биле во врска четири години и како што вели, се договориле да се раздвоени вечерта пред свадбата.
Тоа значело дека нема ни да се слушнат, а Кајли до последен момент мислела дека се е во ред. Сепак, нејзиниот живот драстично се променил и сето тоа благодарение на реакцијата што ја имала.
„Цело време бев во незнаење. Планиравме меден месец и минатиот Божиќ ми даде рачно напишан албум со спомени и причини зошто ме сака. Навистина не знам зошто го направи тоа, но сега не дури и важно“, рекла таа.
Кајли од рано наутро се подготвувала со другарките, а преку деверот дознале дека младоженецот нема да се појави. Тие решиле да го сокријат мобилниот телефон на младата жена пред да се уверат дека веста е 100% точна.

This image has an empty alt attribute; its file name is ostavena-nevesta-jpg.jpg
„Кога дознав, бев во целосен шок. Целата шминка ми беше размачкана и не можев да ги сопрам солзите. Фотографот ме праша зошто и покрај се не поминам убав ден со семејството и пријателите, и тогаш решив да продолжам со свадбата“, рекла таа.
Без разлика, Кајли решила да си ја поправи шминката и својот најлош ден да го претвори во најдобар. Без вереник, Кајли продолжила да се забавува со пријателите, а овој потег го воодушевил нејзиното семејство и многу пријатели.
„Сите останаа со мене. За мене беше многу важно да го поминам овој ден со моите родители, кои се веќе во години и секогаш се плашев дека нема да можат да присуствуваат на мојата свадба. Танцував со татко ми и моите пријатели беа со мене цело време. Не сакав целиот труд и пари вложени во ова да одат залудно и не сакав ова да биде тажен ден за мене“, изјавила невестата.
По венчавката, Кајли доби поддршка од нејзините пријатели, кои започнаа кампања на „GoFundMe“ за да му помогнат на несреќната девојка со трошоците, но и со нов, свеж почеток. Пријателите истакнале дека невестата не го заслужила овој настан, додека младоженецот одбил да коментира.


Фото: Принтскрин/YOUTUBE/THE INDEPENDENT


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …