(ВИДЕО) Неверојатна приказна: Куче скитник сам влегол кај ветеринар и покажал каде го боли!

Неверојатната приказна за кучето од Бразил стана вирална, а милиони луѓе ширум светот со неверување ја следат бидејќи сè е снимено од надзорната камера на ветеринарната клиника.
Дури и вработените не можеле да поверуваат кога слабо куче скитник директно од улицата влегло во амбулантата и бил во тешка здравствена состојба.
Д-р Дејзи Фереира сè уште не може да поверува во тоа…
„Завршував преглед на куче, кога видов како поголемо куче куца пред вратата“, вели таа, не криејќи ја својата возбуда и изненадување и продолжува:
„Тој влезе и ја крена повредената шепа како да не поздравува, но тој всушност ни покажуваше каде го боли“.
Ветеринарите биле зачудени – како тој знаел каде да дојде и од кого да побара помош. Кога го прегледале, откриле дека има полесна повреда на шепата, но откриле многу посериозен проблем – тумор кој целосно му бил покриен со болви.
Го искапеле, го згрижиле и почнале да го лекуваат, а приказната за ова неверојатно суштество за миг ја обиколи планетата и почнале да се појавуваат понуди за негово посвојување.


„Најрекрасно што дојде сам. Неговата интелигенција е прекрасна. Сигурна сум дека добрите луѓе ќе го посвојат“, рекла докторката.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …