(ВИДЕО) НАМЕСТО ВО АПРИЛ ФИЛМОТ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ВО НОЕМВРИ: Поради страв од коронавирусот се одлага премиерата на „Бонд“

Премиерата на 25-ти филм за Џемс Бонд, „Нема време за умирање“, поради страв од коронавирусот е одложена за ноември. Филмот „Нема време за умирање“ наместо во април, како што беше закажано, премиерно ќе биде прикажан во ноември 2020 година.
MGM, Universal и продуцентите на најновиот агент филм 007, Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, ја донесоа таа одлука по деталните проценки на глобалниот пазар на кино салите.


Одложувањето го побараа и фановите, кои им се обратија на продуцентите со отворено писмо во понеделникот, наведувајќи го приоритетот на јавното здравство, додека неколку земји забранија големи собири за да избегнат ширење на коронавирус.
Новиот филм „Бонд“ премиерно ќе биде прикажан на 12. ноември во Велика Британија, 25. во САД, пренесува Твитер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …