Амал Клуни во центарот на вниманието поради фустанот!
Амал Клуни, сопругата на познатиот холивудски актер Џорџ Клуни, изненади со нов моден стил на церемонијата на доделување на наградите „Cartier Women’s Initiative“, која се одржа во Париз. Најпознатата адвокатка за човекови права зборувала за преземање на правата на жените во светот, но никој не очекувал таа да се појави во фустан кој не беше нејзин вообичаен избор.
Амал најмногу избира винтиџ креации потпишани од водечките светски брендови. Затоа вистинското изненадување бил фустанот во сребрена боја со светки на рабовите на кои имало и пердуви. Нејзиниот гламурозен фустан е создаден во духот на одржливата мода. Дизајниран е од Јулија Делибран, креаторка од Париз, која користи еколошки материјали за да ги изработи своите креации, обидувајќи се да го намали отпадот.
Амал Клуни важи за една од најдобро облечените жени во светот. Таа е икона на бизнис стилот и навикнати сме да ја гледаме во елегантни и беспрекорни модни изданија. Плени со својот изглед и елеганција каде и да се појави, а сака да соработува со познати брендови: Dolce & Gabbana, Stella McCartney и Giambattista Valli.
Нејзината мајка еднаш во едно интервју признала дека Амал „не излегувала“ од плакарот кога била помлада. „Таа ќе дојдеше и ќе земеше куп чевли, чанти и други работи. Јас би рекла ‘Што правиш?’ и таа ќе ми го дадеше овој правен аргумент што продолжи“, рекла таа.
Погледнете како изгледала Амал во Париз:
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram