(ВИДЕО) Најплатениот јутјубер на светот има само 9. години: Заработил стотици милиони!

Ако мислевте дека на списокот со најплатени sвезди на YouTube, ќе има некое позвучно име се излажавте.
Овогодинешната титула за најплатениот јутјубер му беше доделена на Рајан Каџи, деветгодишник чија задача е да ги распакува и проценува играчките.
Покрај каналот на ЈуТјуб на кој заработил 29,5 милиони долари, Рајан се стекнал и со 200. милиони долари од линијата играчки кои го носат неговото име и брендирани колекции облека.
Тој каналот на Јутјуб го отворил во 2015. година, откако видел неколку видеа на оваа страница, па ја прашал неговата мајка зошто нема канал „кога сите други деца го имаат“.


Семејството Рајан, кое го сменило вистинското презиме Гуан во неговото јутјуберско презиме Каји, во моментов работи на девет канали на ЈуТјуб.
И покрај огромниот успех, Рајан и неговото семејство се соочуваат со истрага на американските федерални служби поради обвинувања дека спонзорите не се соодветно обележани.
„Скоро девет проценти од видеата во кои Рајан оценува играчки содржат барем еден производ наменет за деца од предучилишна возраст, за кој се плаќа да се препорача. Децата од предучилишна возраст не разликуваат рекламирање од прикажување на играчка“, изјавија тогаш од организацијата за заштита на потрошувачите.


Фото: Скриншот/Youtube/Ryan’s World


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …