(Рецепти) Домашен сок од нане за јакнење на имунитетот и подобар сон

Освен освежувачки, сокот од нане е одличен и за здравјето – го зајакнува имунитетот и има превентивно дејство врз бактериите и вирусите, добар антисептик е, делува смирувачки на нервите и помага да се опушти и релаксира целиот организам.
Сокот од нане ја смирува нервозата, напнатоста, добар лек е за несоница. Исто така се препорачува за главоболки, варење, грчеви и гадење, менструални грчеви. Сајтот „Природно и здраво“ наведува дека помага и при отежнато дишење поради напади на астма или разни сезонски алергии, невралгија, симптоми на настинка и грип и ревматски болки. Можеби затоа деновиве многу луѓе бараат совршен рецепт. Ви претставуваме три варијанти.


Сируп од нане
Состојки:
500 грама свежо нане
3 килограми шеќер
1 кесичка лимонтус
4 литри вода
Подготовка:истурете три килограми шеќер и четири литри вода во поголем сад и ставете го на тивок оган да зоврие. Кога ќе почне да врие, намалете го огнот и оставете го да стои на плочата за готвење уште половина час. По половина час тргнете го садот од шпоретот, додадете лимонтус и промешајте, а потоа додадете свежо нане. Покријте го садот и оставете да стои 24. часа. Исцедете го сокот преку стерилна газа и истурете го во шишиња. Чувајте го домашниот сок од нане на темно и ладно место (по можност во фрижидер), разредете го со обична или минерална вода. Овој сок можете дополнително да го збогатите со додавање кришки лимон, лимета, портокал или малку цимет.


Сок од лимон и нане
Состојки:
2 литри вода
200 гр шеќер
10 врвови свежо нане
1 лимон
Подготовка:
Сварете вода и шеќер, и кога ќе се олади, додадете нане. Оставете да отстои 24 часа, па процедете и додадете сок од еден лимон.


Сок од нане без варење
Состојки:
300 гр свежао нане (или суво)
5-6 лажици шеќер
3 кесички лимонтус
3 литри вода
3 кг шеќер
Подготовка:
Измијте го нането добро, исечкајте го ситно, измешајте го со 5-6 лажици шеќер и добро изгмечете го. Истурете 3 литри вода и оставете да отстои 24 часа. Исцедете го сокот преку газа и додадете 3 кг. шеќер во добиената течност. Оставете да отстои уште 24 часа за да се стопи шеќерот, мешајќи повремено. Истурете го добиениот сируп во стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер (само имајте на ум дека мора да се консумира пред сокот од нане кој се вари). Можеби е најдобро да направите помало количество.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …