Орландо Блум ретко зборува за својот приватен живот, а по повод Светскиот ден на менталното здравје споделил досега непознати настани од младоста.
Орландо Блум, кој ја освои публиката прво како Леголас во „Господарот на прстените“, а потоа стана ѕвезда на „Пиратите од Карибите“, раскажал за најстрашното искушение низ кое морал да помине, не само физички, туку и психолошки исато така.
– Кога имав 19 години, паднав од третиот кат, од прозорецот и го скршив грбот. Имав многу среќа што го преживеав падот бидејќи ‘рбетниот мозок сè уште беше недопрен. Во првите четири дена ми кажаа дека можеби никогаш повеќе нема да одам – ја започнал приказната славниот актер.
Месеците кои следеле биле исклучително стресни за Орландо.
– Тоа за мене беше навистина почеток на долг и болен пат кон препознавање и разбирање на некои шаблони кои беа во мојот живот кои ме доведоа до бројни несреќи, а кулминација беше кршењето на мојот грб, што беше искуство блиску до смртта.
View this post on Instagram
Блум бил подложен на операција на ‘рбетот пред да започне со процесот на опоравување.
– Би рекол дека месеците по падот беа прилично мрачно време. Како некој кој отсекогаш бил многу активен, наеднаш се почувствував многу ограничено и имав многу болки – бил искрен Блум.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/ Instagram