(ВИДЕО) Моделот Кристина Поп и тиктокерот Душан со нова песна!

Совршен спој на талент и нова енергија изразени преку најновиот проект на пејачката Кристина Поп и тик токерот Душан Пауновски е она што ќе го забележите уште при првото слушање на нумерата со наслов „Беби”.
Кристина зад себе веќе има една песна под наслов „Никад доста”, а покрај талентот за музика и препознатливиот вокал, на јавноста и е позната и по своите многубројни успеси на изборите за убавина ширум светот.
Најпознатиот македонски тиктокер Душан Пауновски, познат кај помладите како whoisdushan исто така веќе има една песна насловена како “Нема дилема”.


„Целиот процес на снимање на песната и спотот беше забавен и исполнет со позитивна енергија. Се одлучивме за нешто поинакво и со задоволство можеме да кажеме дека крајниот резултат е повеќе отколку што очекувавме и е во чекор со светските трендови во музиката и продукцијата. Време е да и се случи револуција на македонската музика”, велат Кристина и Душан.

Музиката и аранжманот се на Toby, додека автори на текстот се Кристина и Душан. Што се однесува до спотот, снимен е на локации во Скопје и Куманово.
Уживајте во најновиот музички хит “Беби”.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …