Eлена Велевска важи за една од дамите на домашната фолк сцена која ги има најскапите видео спотови, па и песни. Пред крајот на летото Велевска со својот тим реши на нејзината публика да и подарат нова песна и спот за кој овој пат беше задолжен Александар Ристовски-Принц.
Артан Кастрати е задолжен за музиката, Орце Зафировски текстот, Мишел Трајковски хармоника и Ферчо Мустафов сакс, а песната се вика „Овој живот убав е”.
Телевизиската промоција на видеото ќе биде во естрадниот магазин “Бекстејџ” во новата четиринаесета сезона која ќе се емитува секој работен ден во 16.15 премиерно и 22.15 репризно на Телма.
View this post on Instagram
Погледнете го кусото видео кое е најава:
View this post on Instagram