(ВИДЕО) МНОГУ РАЗОРЕН ПОТРЕС – ПУКНАЛ БАЗЕН НА КРОВ, ВОДАТА ВО СЛАПОВИ СЕ СЛИВАЛА НА МИНУВАЧИТЕ: Неверојатна снимка после земјотрес во Мексико!

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Мексико, тресејќи ги зградите во центарот на главниот град стотици километри подалеку и ги истерал луѓето на улиците. Едно лице загинало кога се срушила фасадата.
Американскиот геолошки завод соопшти дека јачината на земјотресот е 7,4 степени, а мексиканската сеизмолошка служба соопштила дека магнитудата била 7,5 степени.


Инаку, на Твитер беше објавено видео на кое се прикажани последиците од земјотресот. Како резултат на потресот, оштетен е кровот на една зграда во Мексико Сити, по што водата, веројатно од базенот, започнала да тече по улицата во слапови и ги изненадила минувачите.

Фото: Twitter/ssradio


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …