Претседателот на е над законот – Судијата на Болсонаро му наредил да носи маска: Ако не ја почитува мерката следи казна!

Бразилскиот федерален судија, Ренато Борели, му наредил на претседателот Жаир Болсонаро да носи заштитна маска во јавноста, во согласност со одлуката на судот објавена денес, со цел да се забави ширењето на вирусот корона.
Судијата ја издал наредбата откако Болсонаро присуствувал на политички митинзи во главниот град без маска.
Борели рекол дека Болсонаро подлежи на парична казна од 2.000 реаси (387 УСД) на ден, доколку продолжи да не ги почитува донесените сојузни одредби за да се забави ширењето на Ковид-19.
Бразил е погоден од новата пандемија на вирусот корона, со повеќе од 50.000 мртви и повеќе од еден милион заразени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …