(ВИДЕО) Младиот хармоникаш Костадин Крстески сними ново македонски оро

„Кичевска саса“ е насловот на новото македонско оро, компронирано од младиот и талентиран Костадин Крстески.
Костадин на свои 19 години има компонирано, отсвирено и снимено неколку ора, од кои две промовираше на крајот од минатата година, а едното од нив е токму „Кичевска саса“. Во моментов е студент на факултетот за музичка уметност.
„Ја сакам македонската традиција и музика. Сакам се што е поврзано со нашата музика и затоа посебно се радувам и сум горд на секое мое промовирано и прифатено оро од публиката. Минатата година ја завршив со промоција на две мои ора, а во новава најавувам уште многу изненадувања за уживателите на македонскиот мелос“, вели младиот Костадин.
Од новитетите кои и самиот музичар ги најавува, засега сигурни се уште неколку нови проекти, меѓу кои и албум, каде на едно место ќе бидат сместени сите досегашни снимени материјали на овој млад музичар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …