(ФОТО) Не престануваат коментарите за проѕирниот фустан на Гвинет Палтроу на Златните глобуси

Иако имало и многу подобро облечени од неа, фустанот кој Гвинет Палтроу го носела на доделувањето на Златните глобуси најмногу ја заинтригиртал јавноста.
Глумицата на црвениот тепих прошетала во едно од најхрабрите изданија до сега и покажала повеќе гола кожа од било кога на што, очигледно, нејзините обожаватели, не биле подготвени.
Носела потполно проѕирен фустан од кафеав тил на модната куќа Фенди со вшиена долна облека, односно чипкаст градник и минијатурни гаќички поради кои фотките од нејзиниот задник го преплавиле Твитер.


„Како да нема ништо на себе“, „Не бев подготвен на ова“, се само некои од коментарите на сметка на стајлингот на глумицата кои ги преплавиле социјалните мрежи, а повеќето обожаватели се согласила дека глумицата изгледала волшебно.

Овој „лук“ не потсети на нејзиниот незаборавен проѕирен фустан од доделувањето на Оскарите во 2002. година, под кој не носела градник, за што подоцна признала дека зажалила. Погодете зошто.

А, иако станала една од главните теми на годинешните Златни глобуси, Гвинет на својот профил на Инстаграм признала дека најубавиот дел од вечерта и бил кога си отишла дома.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …