Почна судењето на продуцентот Харви Вајнстајн: Видно пропаднат и со дубак во судница!

Судскиот процес против американскиот филмски продуцент Харви Вајнстајн, обвинет за сексуално злоставување и напади почна денеска во Њујорк.
Вајнстајн дојде на суд навреме, а првиот ден од судењето обично е посветен на технички работи. Петнаесетина жени се собрале пред судницата во Менхетен, вклучувајќи ја и американската актерка Розана Аркет, која тврди дека Вајнстајн сексуално ја нападнал.
Скандалот избувна на почетокот на октомври 2017. година кога Њујорк Тајмс првпат ги спомна обвинувањата на сметката на Вајнстајн. Подоцна, околу 80. жени, меѓу кои и актерките Гвинет Палтроу, Ангелина Џоли и Леа Сејду, го обвинија холивудскиот продуцент за сексуално вознемирување и злоставување.

Судскиот процес против Вајнстајн (67), кој рече дека ќе се докаже дека не е виновен, треба да трае шест недели.
Тој се брани од слобода и е обвинет за силување, сексуално вознемирување и злоставување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …