(ВИДЕО) Мистериозна топка ја кренала цела земја на нозе: Специјалците итно ја затвориле околината

Јапонската полиција го забранила пристапот до плажата во градот Хамаматсу, откако на неа била пронајдена сомнителна топка.
Јапонската полиција го забранила пристапот до плажата Еншухама во градот Хамаматсу, јапонската префектура Шизуока.
Имено, пристапот до овој простор е забранет бидејќи на брегот била пронајдена сомнителна топка со големина од околу метар и половина. Се верува дека е направена од метал, објавија локалните медиуми.
Мистериозната топка ја открил жител на областа. Тој повикал полиција во 8:45 часот по локално време, пишува Daiichi TV..
Сообраќајот во оваа делница бил строго забранет. Увид во објектот кој ја вознемири јавноста извршиле специјалци кои пристигнале на местото на настанот.
Фотографиите од топката биле испратени до Јапонските одбранбени сили и крајбрежната стража. Засега се уште нема дополнителни информации за сомнителната топка.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …