*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Секој од нас одвреме-навреме кажува лага. Сите понекогаш носиме лажен став за да напредуваме на работа или во личниот живот, но за некои луѓе ова однесување е вообичаено. Самите си ласкаат, лажат и даваат комплименти за да направат некој да им се допадне, а зад грб им се потсмеваат.
Ова се најдволичните хороскопски знаци.
Близнаци
Близнаците се најдволични од сите знаци на Зодијакот. Тие се познати по тоа што се неискрени, па луѓето често ги фаќаат како зборуваат едно, а веднаш потоа прават друго. Нивната безмилосна амбиција ги тера да направат се што е потребно за да се искачат на врвот.
Девица
Девиците секогаш се подготвени да укажат на туѓите маани и слабости, но кога некој ќе ги критикува, тие се лутат и заземаат одбранбен став. Тие се најгласни кога треба да ги критикуваат другите, но не знаат да прифатат критики на нивна сметка бидејќи така би признале дека и тие не се совршени.