ЕДЕН маж од Флорида ги одбранил своите три кученца јазавичари од напад на мечка.
Драматична снимка од домашна надзорна камера покажува како Волт Хикокс инстинктивно реагира и се фрла помеѓу големата мечка и неговите три кучиња Пиклс, Пепер и Пајпер. Хикокс аплаудирал и врескал за да ја исплаши мечката и ја турнал низ вратата од својот трем додека се обидувал да ја гризне. Потоа ја турнал клупата пред вратата за да спречи мечката да се врати.
Хикокс рекол дека ниту еден момент не размислувал за сопствената безбедност и само се обидувал да ги заштити своите миленици и семејството за време на нападот.
„Не ми помина многу низ глава освен што ќе се случи ако помине покрај мене и влезе во куќата каде што беа моите кучиња и мојата сопруга“, изјавил тој за WFTV.
Снимката од нападот на мечката станала вирална на интернет, а Хикокс подоцна на Фејсбук напишал дека неговите повреди, за среќа, биле само површни. На кучињата не им било ништо бидејќи успешно ги заштитил.
Фото: Принтскрин/Facebook