Откриен е нов вид на коронавирус

Кинеските научници предупредија на „потенцијална закана за биосигурноста“ од новиот вид на коронавирус, кој може да се пренесе од животните на луѓето и не може да биде „вкрстено неутрализиран“ со антитела кои целат на Ковид.
Истражувачите, од кои повеќето потекнуваат од Универзитетот Вухан, „неочекувано открија“ дека видот NeoKoV откриен во Јужна Африка и неговиот „близок роднина“ PDF-2180-CoV може ефикасно да користат некој тип на ензим 2 што го конвертира ангиотензин од лилјаци (ACE2) и човечки ACE2 за влез“, пренесува RT.
SARS-CoV-2, првпат идентификуван во Вухан, а подоцна предизвикувајќи ја пандемијата Ковид 19, исто така користи ACE2 за да влезе во човечкото тело.
Во предобјавувањето, објавено на порталот Biorxiv, се наведува дека инфекцијата со сојот кој сега ги таргетира лилјаците „не може да биде вкрстено неутрализиран со антитела што го таргетираат SARS-CoV-2 или MERS-CoV“.
Признавајќи дека природата на NeoCoV „останува загадочна“, научниците предупредуваат на „потенцијална закана за биобезбедноста на луѓето, со висока стапка на смртност и стапка на пренос“.
Други неодамнешни студии, исто така спроведени од кинески научници, покажаа дека „прогениторот“ на варијантата омикрон, кој предизвика нов бран инфекции низ светот и сега е доминантен во многу земји, „скокнал од луѓе на глувци, брзо акумулирајќи мутации што го погодиле со инфекцијата на тој домаќин, а потоа се вратил кај луѓето“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …