(ВИДЕО) Мајка заборавила да донесе пелени, негувателките се погрижиле тоа да не се повтори

Џена Бити е вработена мајка. Иако секојдневно се грижи нејзиното дете да биде подготвено за градинка, како и повеќето родители, понекогаш пропушта неколку детали. Така заборавила да донесе нови пелени за синот Лосон, а креативните негувателки се потрудиле да и олеснат за да не се повтори.
Џена го донела Лосон дома од дневен престој. Момчето веднаш почнало да си игра во дневната соба, а мајка му тогаш ја забележала пораката на неговиот грб.
„Му требаат пелени“, пишувало со маркер на лентата.
„Кога ќе заборавите да носите пелени во градинка откако веќе ве потсетиле. Па, ова дефинитивно ни го привлече вниманието”, рекла Џена која се восхитила на генијалноста на негувателките.

@beatty.fam Well this definitely caught our attention 😂 #toddlersoftiktok #funnytoddlers #funnytiktoks #funnyvideos #toddlermomlife #boymomlife #KC #diapers ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey


„Леплива лента е најдобар пријател на секој учител“, „Искрено, ова е одлична идеја“, „Како некој со АДХД, ова е корисно“, коментирале луѓето кои го погледнале видеото на TikTok.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …