(ФОТО) ТРОГАТЕЛНА ОБЈАВА – Последно снимање: Пирс Броснан споделил фотографии од Џејмс Кан во инвалидска количка

Пирс Броснан споделил потресни фотографии од сетот на последниот филм на Џејмс Кан, кој почина во средата на 82-годишна возраст, простувајќи се од легендарниот актер.
Пред да почине мирно во својот дом во Лос Анџелес, Кан го завршил снимањето на претстојниот гангстерски трилер „Брз Чарли“ неколку недели претходно.
И покрај тоа што бил во лоша здравствена состојба и врзан за инвалидска количка, ѕвездата до последен момент напорно работела со поранешниот глумец Бонд.
Скршениот Броснан сега направи трогателна објава за својот колешга, покажувајќи како изгледале неговите последни моменти со него.

„Збогум Џими. Многу се смеевме заедно во текот на тие пет дена во Њу Орлеанс. Ти беше инспирација за мене како млад актер на почетоците, а уште повеќе како човек кој те гледа како работиш секој ден со голема физичка болка и непријатност. Се вложи себе во занаетот, во умеењето на глумата и изведбата до самиот крај. Моето срце чувствува длабока тага поради твоето заминување“, напишал Броснан покрај фотографиите со Кан.
Потоа додал: „Секогаш ќе го негувам споменот за тебе. Почивај во мир, засекогаш во светло“.
Смртта на актерот, да потсетиме, ја потврди неговото семејство со вчерашна објава на неговиот официјален Твитер профил.
Многу познати ѕвезди се простија од Џејмс, а само некои од нив се Ал Пачино, Адам Сендлер, Барбра Стрејсенд, Френсис Форд Копола и други.
Филмската кариера на Кан трае повеќе од 60. години, а некои од неговите најзначајни улоги се во филмовите „Кум“, „Мизерија“, „Елф“.
Меѓу неговите многубројни признанија се четири номинации за Златен глобус, заедно со номинациите за Оскар и Еми. Тој исто така беше почестен со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 1978 година.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …