Починал актерот од серијата „Сопранови“ – глумел мафијаш а и’ бил мафијаш!

Тони Сирико, најпознат по улогата во серијата „Сопранови“, починал вчера на 80-годишна возраст.
Публиката го запамети по улогата на Поли Гуалтиери, наречена „Poli Volnats’ (Поли ореви), еден од поручниците на семејството Сопрано, која ја играше одлично и претставуваше едноставен, по малку нестабилен и духовит мафијаш.
Тони Сирико е роден во Бруклин на 29. јули 1942. година. Во младоста често имал проблеми со законот, а првпат бил уапсен кога имал седум години поради кражба во продавница.
Во шеесетите бил поврзан со мафијата, а беше познат по прекарот „Јуниор“.
Тој бил апсен вкупно дваесет и осум пати, а два пати бил осудуван, првиот пат за недозволено носење огнено оружје, а вториот пат за учество во вооружен грабеж.
Интерес за глума пројавил додека ја издржувал втората затворска казна во затворот „Синг Синг“, поточно кога затворот го посетила патувачка група актери наречена „Театар на заборавените“, која главно ја сочинувале поранешни затвореници.
Првата улога ја одиграл во филмот „Лудиот Џо“ во 1974. година. За време на неговата актерска кариера, тој се појави во неколку филмови кои беа успешни и кај критичарите и во однос на заработката, меѓу кои „Мртви претседатели“ од 1987. година и „Добри момци“ од 1990. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …