Изненадете го вашето семејство со вкусен оброк во рекордно време.
Мафините се специјалитет кој лесно се подготвува. Одлични се кога брзаме или кога имаме гости. За да не се прави тесто, сега направете мафини од макарони, додајте состојки по желба и прелијте ги со јајца и сирење. Ќе бидете воодушевени, а вечерата ќе биде готова за кратко време.
Состојки:
150 гр макарони
1 главичка кромид
2 чешниња лук
250 гр чери домати
босилек, сол, цр пипер
4 јајца
150 мл млеко
100 гр жолто сирење
Подготовка:
Сварете ги макароните, па ако се поголеми исечкајте ги малку. Во сад измешајте сечкан лук и кромид, сечканите домати и свежиот босилек. Оваа смеса измешајте ја со макароните и наполнете ги калапите за мафини. Измешајте ги јајцата и млекото, посолете и побиберете и прелијте го секој мафин. Одозгора изрендајте сирење и печете на 180 степени околу 15 минути.
Фото: Принтскрин/YouTube