Актерите на камерната драма „Нема да биде крај на светот”, Дарја Ризова и Саша Ханџиќ повторно најдобри, овојпат на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, БиХ.
На ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, Брчко, БиХ, одржани од 20.10. – 28.10.2022 година, стручното жири во состав: Жељко Митровиќ, актер; Емина Муфтиќ, актерка; Драган Деспот, актер;
одлучи наградата за најдобра млада актерка да ја додели на Дарја Ризова за улогата на Маша, а наградата за најдобра споредна улога (актер или актерка), едногласно му беше доделена на Саша Ханџиќ за улогата на Таткото, а воедно Ханџиќ е добитник и на наградата за најдобра машка улога за улогата на Вања во претставата „Куќа”.
Ова е една хармонично изградена претстава, драматуршки склопена и режисерски заокружена само со тројца актери, но до сега претставата „Нема да биде крај на светот” се одигра на 6 (шест) интернационални фестивали каде што од секој еден освои награди: специјална награда за режија на Нина Николиќ, најдобра актерка Дарја Ризова, најдобар актер Саша Хаџиќ и специјална награда за актерката Џана Џаниќ, на фестивалот „Живи фест”, БиХ.
Дарја Ризова – најдобра актерка на меѓународно ниво на фестивалот во Бурса, Р Турција, најдобра регионална актерка на фестивалот на актерот во Коњиц, БиХ, исто така, Ризова стана и дел од историјата на ФКТ „Ристо Шишков” како најдобра актерка за улогата на Маша.
На фестивалот „БиХ драма Зеница”- БиХ, претставата беше прогласена за најдобра претстава во целина.
Претставата до сега има добиено вкупно 11 (единаесет) награди.
Претставата е копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево.
Следната изведба е закажана на 8 ноември во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот.
Известува – Мила Анѓелковиќ
РСМ НУ Македонски народен театар