BtoBet спроведе крводарителска акција

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст на Република Северна Македонија, македонската ИТ компанија BtoBet реализираше доброволна крводарителска акција. Близу 30 вработени од компанијата даруваа крв, од кои некои за првпат, а некои како долгогодишни крводарители со повеќекратни дарувања.
„Дарувањето крв е вистински чин на солидарност и среќни сме што на овој начин можеме да дадеме мал придонес кој некому значи многу.Нашата цел е со оваа крводарителска акција да започнеме традиција на крводарување во BtoBet, но и да ги поттикнеме останатите чинители во бизнис заедницата, бидејќи веруваме дека заедничкиможеме да го помогнеме здравствениот систем и пристапот до крв и трансфузија на оние кои им е потребна“, изјави Љупка Ивановска, координатор за човечки ресурси во BtoBet.

This image has an empty alt attribute; its file name is BtoBet-3.jpeg
Претставникот на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, доктор Ефтим Димитровски ја поздрави иницијативата на компанијата, нагласувајќи дека широкото и активно учество на заедницата во крводарителски акции го осигурува пристапот до безбедна крв во секое време,што е од суштинско значење за националниот здравствен систем.


Од почетокот на годината BtoBet реализираше повеќе различни активности како дел од компаниските заложби за општествена одговорност. Активностите беа реализирани во соработка со #РетвитниОброк, Црвен Крст Македонија преку редовни донации на облека,Kajak.mk преку волонтерска еко-акција за пошумување на Бислимската клисура и со донација на компјутерска и канцелариска опрема за иницијативата „Донирај компјутер“.
„Дарувањето крв е еден од највисоките доброволни чинови на хуманост и солидарност и среќни сме што на овој начин можеме да направиме мал придонес кој некому значи многу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …