(ВИДЕО) Леонардо ДиКаприо и Џенифер Лоренс прв пат заедно на филм

Нетфликс го објави првиот трејлер за Don’t Look Up, црна комедија со научно-фантастични елементи, во која играат Леонардо Ди Каприо и Џенифер Лоренс.
Освен нив, во филмот играат и многу други холивудски sвезди, како Мерил Стрип, Тимоти Шалејм, Џон Хил, Кејт Бланшет, Тајлер Пери и Аријана Гранде. Филмот е во режија на Адам Мекеј, автор на популарните филмови „Anchorman“ (2004), „Step Brothers“ (2008) и „The Big Short“ (2015).
На Џенифер Лоренс и е доверена улогата на Кејт Дибијаски, студентка по астрономија, која заедно со нејзиниот професор д-р Рендал Минди (Ди Каприо) открива дека голема комета орбитира во рамките на нашиот Сончев систем. Според нивните пресметки, речиси сигурно ќе падне на Земјата, но се чини дека човештвото навистина не е вознемирено поради тоа.


Поради оваа причина, Дибијански и Минди започнуваат медиумска кампања за да ги убедат луѓето само да погледнат нагоре и да ја препознаат опасноста што им се заканува. Дури стигнуваат и до Белата куќа, но ниту властите, ниту пошироката јавност не се подготвени сериозно да го сфатат нивното предупредување.
Don’t Look Up премиерата ќе ја има на 10. декември, по што ќе се прикажува во ограничен број кина. Филмот ќе биде достапен на Нетфликс од 24. декември.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …