(ВИДЕО) Куче не сакало да ја напушти сопственичката – трчал по возилото за брза помош се до болницата!

ВЕРНО куче од Турција ги допре срцата на луѓето ширум светот откако трчал по брза помош во која била неговата сопственичка.
Имено, на сопственичката и се слошило и со возило на брза помош била пренесени во болница, пренесува новинската агенција TRT Haber.
Девојката имала доволно сила самостојно да влезе во возилото, но на нејзиното куче тоа не му било дозволено. Но, тоа не го спречило да трча и да ја следи брзата помош сè до болницата.


Кога стигнале до болницата, кучето било пречекано внатре и надгледувано од болничкиот персонал додека на неговата сопственичка и пружале помош. Верното куче едноставно не сакало да се оддалечи од вратата зад која се наоѓала неговата сопственичка.
Луѓето на Интернет се согласуваат – овој гест на љубов и лојалност уште еднаш покажа зошто кучето е најдобриот пријател на човекот.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …