(ВИДЕО) Полничок мопс заглавил во врата за миленици – снимката е урнебесна!

Симпатична женка мопс по име Суши станала sвезда на Интернет поради нејзината мала несреќа.
Имено, сопствениците морале да се грижат за своето друго куче, а за да не ја вознемируваат Суши, ја заклучиле во посебна просторија со врата за миленичиња инсталирана од претходниот сопственик на куќата.
Вратата е наменета за мачки, но очигледно Суши мислела дека и таа може да ја користи. Сепак, нејзината проценка била погрешна.
„Таа сакаше да знае што правиме и беше решена да се пробие“, изјавила за Dodo,  Рејчел Рајт, сопственичка на дебелката женка мопс.
„Ја слушнав како гребе, а кога погледнав, таа беше заглавена во вратата“, рекла сопственичката.

@merebekah##duet with @root_soup♬ original sound – Rachel Wright


„Таа дефинитивно мисли дека може да стигне насекаде. Ова беше смешно за мене. Мојот сопруг ја ослободи по неколку моменти“, рекла Рајт.
За среќа, Суши не е повредена, а снимката од нејзината несреќа насмеа илјадници луѓе.


Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …