ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Џонсон: „Ширењето на короната е сериозно, сериозно загрижува!“

Зголемениот број на заразени и хоспитализирани поради ковид-19 е предмет на „сериозна, сериозна загриженост“, рекол во саботата британскиот премиер Борис Џонсон, додавајќи дека тој е помалку оптимист во врска со отворањето на земјата отколку во мај.
„Јасно е дека индиската варијанта е позаразна и исто така е точно дека бројките растат и дека нивото на хоспитализации расте“, рекол тој за Sky News.
„Сега не знаеме точно до кој степен ова ќе доведе до смртни случаи, но јасно е дека ова е сериозна загриженост“, рекол тој.
Во понеделник се очекува Џонсон да утврди дали планираното укинување на ограничувањата ќе се случи на 21. јуни или се’ поголемиот број случаи ќе го принудат да го одложи.
Главниот британски офицер за вакцинација против ковид-19, Надим Захау, за Times Radio во петокот изјави дека „треба да бидеме многу внимателни“.
„Имавме навистина големо отворање на 17. мај кога луѓето можеа да започнат да се среќаваат со пријатели во затворено, во ресторан, во паб и да се дружат. И мислам дека е важно да ги разгледаме податоците многу внимателно за време на викендот и потоа да и го кажеме тоа на нацијата“, додал тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …