Џеј Ло има благослов од бившата на Афлек? Откриено што рекла Џенифер Гарнер!

Поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, дала зелено светло заповторната врска на Бен со поранешната свршеница Џенифер Лопез.
„Џеј Ло има одобрување од Џенифер“, изјавил извор близок на актерката за US Weekly. „Џеј Ло смета дека Џенифер Гарнер е прекрасна личност и одлична мајка“.


Инаку, 49-годишната Гарнер и една година помладиот Афлек беа во брак од 2005. до 2015. година, и заедно имаат три деца.
Да потсетиме, Бен Афлек и Џенифер Лопез неодамна повторно ги разгореа своите страсти. Двојката се’ повеќе се гледа заедно во јавноста. „Џен и Бен се многу среќни заедно и едвај чекаат да видат каде ќе ги однесе врската“, изјавил извор близок до парот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …