Поради наглиот, голем, пораст на бројот на заразени лица, Москва вовела неработни денови

Поради големиот пораст на заразени со коронавирус, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во саботата објавил дека деновите од 15. до 19. јуни ќе бидат неработени а дека до 20. јуни сите барови, ресторани и други места ќе мораат да затворат најдоцна до 23. часот.
„Со цел да се запре растот на болните и да се спасат животи, денес издадов наредба деновите од 15. до 19. јуни да бидат неработни, но целосно платени за сите вработени“, напишал Собјанин на својот официјален блог.
„Оваа недела, состојбата со ширењето на вирусот малку се влоши, бројот на нови инфекции го достигна својот врв од минатата година“, истакнал градоначалникот.

Москва има најмногу нови случаи од декември
Москва во саботата имала 6.701 нов случај на коронавирус, што е рекорд за главниот град на Русија од декември минатата година. „Не можеме, а да не реагираме на оваа ситуација“, нагласил Собјанин.



Претседателот Владимир Путин изјавил дека досега се вакцинирани 18. милиони Руси против ковид-19.
Русија има околу 144. милиони жители и целата земја се соочува со скок на бројот на луѓе кои заболуваат од ковид-19 во последните неколку дена.
Во саботата во Русија имало 13.510 нови и 399. смртни случаи, што е вкупно 5.193.964 заразени и 126.073 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …