(ВИДЕО) Концерт на Ѓоко Ѓорчев во Неготино: „Прекрасна и незаборавна вечер“ – „Концерт за душа! Прекрасно!“

„Неготино за својата легенда и Ѓоко Ѓорчев за својот град“, се одржи синоќа, сабота, во старата чаршија на родниот град на македонскиот Том Џонс кој со своите соноќешни изведби апсолутно го надмина тој псевдоним.
Ѓорчев пееше за сите негови фанови, сите присутни кои ја исполнија старата чаршоја бидејќи дојдоа да уживаат во изведбите на својот Џоле. Тој им ја даде душата а тие му возвратија со многу емоции…


Во продолжение ви донесуваме дел од импресиите на присутните на концертот напишани под видеото на Facebook:

„Вокал кој не се повторува секоја година тоа е нашиот македонски глас кој го поседува нашиот бисер Ѓоле које единствениот кој ги изведува своите и евергрините од најврвните пеачи од странство и од бившата ју. Штом ќе го слушните со неговиот вокал и изведба ве потсеќа како да е оригиналот отпеан. Таа дарба од бога подарена ја нема секој интерпретатор затоа тој е единствен во нашите простори а ние сме горда затоа што е од нашата тиквешка околија, Да си здрав и жив и со добро здравје пријателе било што друго да се каже е излишно само едно големо :Браво…..“


„Уште долго да трае таа убавина. Бравооо“
„Џоле, концертот ти беше прекрасен, а гласот ти е ангелски. Ретко кој може да ги испее тие песни…“
„Еден и единствен , наш Ѓоко Ѓорчев“
„Да стане традиција, барем еднаш годишно…“
„Концерт за душа! Прекрасно!“
„Убедливо најубав настан за оваа година…“


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …