(ВИДЕО) ГИ СТАВИЛ РАЦЕТЕ НА РАМОТО – Бајден и пришол на една млада девојка на колеџ во Калифорнија и и’ упатил несоодветна порака

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како американскиот претседател Џо Бајден и дава совети за врска на млада девојка.
Видеото е создадено кога Бајден и пришол на една девојка на колеџ во Калифорнија, ја фати за рамо и и шепнал: „Без сериозни момци до 30, ова е совет што им го дадов на моите ќерки и внуки“.


Како што може да се види на видеото, девојката на која и пришол Бајден била прилично изненадена и одговорила: „Во ред, ќе го имам тоа на ум“.
Видеото од настанот беше објавено на Твитер од репортерот Кален Д’Алмеида. Тој рекол дека Тајната служба се обидела да го спречи снимањето. Видеото е прегледано речиси пет милиони пати, а противниците на Бајден веднаш почнаа да го критикуваат, нарекувајќи го „морничав Бајден“.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …