(ВИДЕО) Кинезите имаат решение за поплави – се вика Тесла Модел 3

Кина исто така се бори со поплави, но тоа не значи дека целиот сообраќај мора да запре. Барем за оние во автомобилите на Тесла.
Тесла Модел 3, како најприфатлив електричен автомобил во гамата, се здобил со голема популарност низ целиот свет, особено во Кина, каде што исто така започна производството. Моделот 3 има голем број адути, а судејќи според најновите видеа од социјалните медиуми, има уште еден.


Електричната енергија и водата не се сакаат, но во овој случај се чини дека соживотот е возможен. Имено, се’ повеќе има видеа што сведочат дека Моделот 3 може да вози и низ вода. Не мислиме на поголеми бари, туку буквално водена бариера што стигнува до предниот капак на автомобилот.
Во едно видео можеме да видиме како изгледа тоа од кабината. Бришачите се во функција, а проточна вода ита скоро до шофершајбната. Другите снимки ја прикажуваат ситуацијата однадвор, каде што можете да видите како автомобилот на Тесла граби по поплавениот пат.

Илон Маск порано истакнуваше дека Model S може да плива за кратко време, а сега Model 3 покажува такви склоности.Дополнително, на полигонот на фабриката во Шангај има област каде што автомобилите на Tesla возат низ водени пречки.
И, конечно, да речеме дека и покрај способностите на Тесла, возењето по поплавени патишта не е паметно. Нивото на водата може нагло да се зголеми, во тој случај автомобилот ќе заплива, а возачот и патниците ќе останат заробени во автомобилот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …