(ВИДЕО) Камерата среде натпревар снимила ПРЕКРАСЕН момент: Навивачот го кренал погледот и останал во чудо!

Херојот на една слатка приказна е навивач на кошаркарскиот клуб „Орландо Меџик“…
Камерите на спортските настани често снимаат смешни, романтични, но и бизарни и непријатни животни моменти. Кога таа камера ќе фати нешто навистина трогателно, сите се трогнати, без разлика што се работи за некој што не го познаваат.
Херојот на една симпатична приказна е навивач на кошаркарскиот клуб „Орландо Меџик“, а публиката можела да го види моментот кога неговата сопруга му кажала изненадување кое ќе го памети до крајот на животот.
Имено, Џејмс Бејли немал поим дека ќе стане татко. Неговата сопруга Тејлор за тамошните медиуми открила дека тоа го чувала во тајност, сакајќи со стил да му ја пренесе прекрасната вест.


– Мојот сопруг отсекогаш сонувал тоа да му го кажам на навистина кул начин. Затоа помислив дека би било убаво да го направам тоа преку камерата за бакнеж на натпреварот – изјавила таа за WESH 2 News.
Прво се насмевнал, но кога ја прочитал пораката на која пишувало „Честитки, Џејмс! Ќе бидеш татко!“, шокирано и воодушевено ја отворил устата. Планот на неговата сопруга успеал.
На официјалниот Твитер профил на „Орландо Меџик“ се појави видео од овој настан. Тие јавно му честитаа на парот и им се заблагодарија што ја споделија среќата со нив.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …