(ФОТО) „Дали вашиот син е сега во тенк?“: Руската новинарка одбила да одговори на непријатното прашање

ТИНА КАНДЕЛАКИ, милионерка и руска новинарка која ги поддржува одлуките на Владимир Путин, одбила да одговори зошто нејзиниот син не бил повикан во војска.
Откако започна руската инвазија на Украина, новинарката често ги оправдувала потезите на Путин во јавноста, а неодамна го критикувала Западот на настанот по повод осмата годишнина од анексијата на Крим за воведување санкции кон Русија. На настанот присуствувала и Вероника Белоцерковскаја, готвачка која отворено ја критикувала руската окупација. Вероника ја прашала Канделаки дали нејзиниот син Леонтиј Кондрахин се бори за Русија или тој, како и другите привилегирани членови на општеството, успеал да избегне регрутирање, пренесува Unilad..

„Тина, дали вашиот патриотски син моментално е во тенк во близина на Мелитопол?“, прашала таа, а Канделаки одбила да одговори на нејзиното прашање.
Леонтиј можел да избегне регрутирање доколку неговите родители му помогнале да добие медицинско ослободување или ако ги навеле неговите студии како причина. Според пишувањата на медиумите, Ленитиј е во Москва, а има снимки како свири во еден панк бенд.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кинематика“ – Во светот на филмската музика на Дуке Бојаџиев

Доживејте незаборавно музичко патување кое ја слави магијата на филмската музика! „Кинематика“ е уникатен концерт …